
јуни 27, 2025
Теренски активности за справување со топлотен бран
Мобилните екипи на Црвен крст Штип, согласно акциониот план и препораките на надлежните институции за справување со топлотни бранови, во текот на оваа недела (25-27 јуни) беа присутни на терен. Екипите патролираа низ најфрекфрентните делови од градот, како и на пазарот.
Волонтерите дистрибуираат вода, се мери притисок на граѓаните и се делат флаери со препораки за заштита од топлотен бран.
Мобилните екипи со превземаните активности опфатија вкупно 206 лица.


