јуни 13, 2024

Tелефонски линии за ПРВА ПСИХОЛОШКА ПОМОШ за време на настанатите пожари на различни локации во РСМ

Црвениот крст на Република Северна Македонија ги повикува сите граѓани кои имаат потреба од прва психолошка помош да се обратат на отворените СОС телефонски линии.
Имајќи ги предвид огнените стихии во изминатиот период во нашата држава и состојбите во кои граѓаните се наоѓаат, ве потсетуваме за можноста да ги користите отворените телефонски линии на кои ќе добиете соодветна Прва психолошка поддршка од нашите обучени волонтери.
Секое лице кое се чувствува загрозено и вознемирено поради настанатите пожари може да се обрати, да постави прашања и добие одговори и совети за успешно справување со ситуацијата која ја загрозува благосостојбата и создава чувство на лична и колективна загрозена безбедност.
Отворените телефонскии линии се поделени на региони, а се однесуваат на сите општини и населени места кои припаѓаат на наведените региони.

Телефонски броеви за контакт за Источен, Североисточен и Југоисточен Регион (Штип, Кочани, Берово, Виница, Делчево, Пробиштип, Кратово, Куманово, Крива Паланка, Струмица, Гевгелија, Валандово, Радовиш) : 071 426 660/071 426 633

< врати се назад