јуни 25, 2025

Tактичко показна вежба за евакуација и спасување во случај на пожар

На 19.06.2025 година во соработка со Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип се реализираше тактичко показна вежба на симулирано гасење пожар.

Обучени волонтери на Црвен крст Штип укажуваа прва помош на повредените во рамки на симулацијата.

Во тактичко показната вежба беа вклучени пожарникари од Територијалната противпожарна единица – Штип, волонтери на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип, припадниците на Министерство за внатрешни работи, ДЗС, Центарот за управување со кризи и Брзата помош.

Првата помош спасува живот!

< врати се назад