октомври 15, 2025

СВЕТСКИ ДЕН НА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

По повод одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип, организираше работилница со волонтери и вработени, во соработка со психолог/психотерапевт Весна Трајковска.

Работилницата беше посветена на темите:

„Силата на заедништвото: психо-социјална поддршка во кризи“,

„Улогата на психо-социјалната поддршка во намалување на последиците од кризи“ и

„Важноста на психо-социјалната поддршка во градење доверба и заедничка отпорност“.

Присутните волонтери активно се вклучија во дискусија и споделија свои размислувања и искуства поврзани со психо-социјалната поддршка и нејзиното влијание во време на кризи.

Настанот имаше за цел да го поттикне разговорот за менталното здравје, да ја афирмира неговата вредност и да мобилизира поддршка за застапување, едукација и подигање на свеста за оваа значајна тема.

< врати се назад