декември 2, 2024

Реализирани осум врснички едукации за борба против болести на зависности

Месец ноември согласно каледарот на традиционални активности на ЦКРСМ е посветен на борба против болести на зависности (дрога, алкохол и цигари). Оваа година фокусот за одбележување на месецот беше на младата популација на возраст од 12 до 19 години. Месецот го одбележуваме под мотото „Едуцирај се и донеси одлука!“.

За таа цел Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип во текот на месец ноември организираше осум врснички едукации во ООУ „Гоце Делчев“ , ООУ „Ванчо Прке“, ООУ „Димитар Влахов“, ООУ „Славејко Арсов“ , СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ и СОУ „Коле Нехтенин“. На овие едукации 244 ученика имаа можност да стекнат основни знаења за штетните последици од завиностите. Врнсичките едукации ги реализираа обучени волонтери – врснички едукатори од Клуб на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип, Ивона Костадинова и Стефанија Пешева.

Tags: ,
< врати се назад