
Реализирана симулациска вежба во СОУ „Јане Сандански“ – Штип
На 16.02.2026 година во СОУ „Јане Сандански“ – Штип се реализираше тактичко-показна вежба за справување со симулирана поплава.
Во рамки на сценариото беше извршена евакуација на учениците и персоналот, при што обучените волонтери на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип укажуваа прва помош на лицата, односно симулација на срцево-белодробно оживување и пружање психосоцијална поддршка, согласно протоколите за постапување во вонредни состојби. Во тактичко-показната вежба учество зедоа пожарникари од Територијалната противпожарна единица – Штип, волонтери на Црвен крст Штип, припадници на Министерството за внатрешни работи и екипи на Итната медицинска помош. Целта на вежбата беше проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасната интервенција на сите надлежни служби во услови на елементарна непогода.














































