ноември 14, 2025

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

На 11.11.2025 година во просториите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип се потпиша меморандум за соработка помеѓу Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип и Казнено – поправен дом Штип.

Во рамките на оваа иницијатива, Црвен крст Штип донираше нова постелнина, јоргани и облека со цел подобрување на условите за лицата кои ја издржуваат својата казна во установата.

Овој заеднички чекор ја потврдува посветеноста на двете институции кон промовирање на хуманите вредности, грижа за човекот и зајакнување на солидарноста во заедницата.

< врати се назад