јануари 8, 2025
По повод божиќните празници беа поделени пакети со храна во руралните места на Штип и Карбинци
Традиционално, седма година по ред, волонтерите на Црвен крст Штип непосредно пред Бадник, посетија петнаесетина скромни семејства во руралните средини во околината на Штип и Карбинци. Разменувањето по некој убав збор и донациите кои се состојат од продукти за достоинствена празнична трпеза, внесуваат зрак надеж кај овие наши сограѓани кои живеат на работ на егзистенцијата.
Нека емпатијата и солидарноста доминираат за време на празничните денови.
< врати се назад