Партнерски активности
На 30.11.2024 година (сабота) во просториите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип се одржа првата средба со партнер клубови на Општинските организации на Црвен крст Штип, Кавадарци и Св. Николе. Оваа средба беше одлична можност за меѓусебно запознавање и размена на искуства, како и за создавање нови пријателства.
Првиот дел од програмата, се состеше од игри за подобро запознавање на волонтерите и меѓусебно дружење. Во вториот дел од програмата, волонтерите имаа обука за поставување на шатор и снаоѓање во природа и правилно стрелање со лак од страна на припадниците на извидничкиот одред ,,Еквинокс” Штип. Покрај теортескиот дел, имаше и практичен дел, во кој волонтерите со помош на Извидниците имаа можност да постават шатор.
Крајот на програмата, се состоеше од игри како „Минско поле“ и „Грабни марама“, кои го засилија духот на тимската работа и натпреварувачкиот жар. Смеа, забава и позитивна енергија го исполнија целиот ден, а меѓусебната размена на знаења и новите пријателства го збогатија искуството на волонтерите.
Клубот на млади при Црвен крст Штип продолжува да ги одржува ваквите значајни соработки, од кои произлегуваат активности во насока на едукација и стекнување нови знаења и вештини.
< врати се назад