
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 18 ОКТОМВРИ – ЕВРОПСКИ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Штип се вклучи во одбележување на 18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе со организирање на информативно едукативна работилница во СОУ „Јане Сандански”- Штип. Предавањето беше спроведено од страна на Меланија Коцева – врснички едукатор при Клуб на млади Штип.
Превентивното предавање имаше за цел подигање на свеста на младите, препознавање на начините преку кои можат да бидат вовлечени во трговијата со луѓе и нивна самозаштита.
Трговијата со луѓе е сериозен општествен проблем и претставува најтешка форма на кршење на основните човекови права – правото на живот, на слободно движење, на слобода на избор и други права и слободи.












































