ноември 19, 2024

Одбележана Неделата на грижа на стари лица

,,Неделата на грижа на стари лица” во соработка со Здружението на пенизонери – Штип денес беше одбележана преку организирање на работилница за мерење на гликемија во крвта и крвен притисок. На присутните пензионери им беше извршено мерење на гликемија од страна на Д-р Мануела Манева Ристова, а волонтерите извршија и мерење на крвен притисок. 

Мотото на настанот ,,Сите сме нивни деца”, само по себе укажува дека на возрасните лица треба да им посветуваме многу повеќе внимание и да им ја укажуваме грижата која ја заслужуваат.

< врати се назад