
OБУКА ПО ПРВА ПОМОШ ВО ООУ „ВАНЧО ПРКЕ“ – ШТИП
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Штип во изминатите денови реализираше обуки по прва помош во ООУ „Ванчо Прке“ – Штип. На обуките вкупно 34 ученици имаа можност да стекнат основни теоретски знаења и практични вештини за укажување прва помош како брза и витална интервенција, чија основна цел е спасување на човечки живот и намалување на ризикот од дополнителни компликации при повреди и несреќи. Преку ваквите едукативни активности, Црвениот крст продолжува систематски да делува во насока на подигнување на свеста, зајакнување на солидарноста и промовирање на општествената одговорност кај младата популација. Научи и ти прва помош – затоа што првата помош спасува живот!














































