октомври 17, 2025

ОБУКА ПО ПРВА ПОМОШ ВО ООУ „ТОШО АРСОВ“ – ШТИП

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип на ден 14.10.2025 година спроведе обука по прва помош во ООУ „Тошо Арсов“ – Штип.

На оваа обука 14 ученици имаа можност да стекнат основни знаења за укажување на прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди.

Црвен крст продолжува да гради цврсти механизми за кревање на свеста и промовирање на општествената одговорност.

Научи и ти прва помош затоа што првата помош спасува живот!

< врати се назад