јануари 31, 2025

Обука по прва помош во Дневниот центар „Порака“ – Штип

Работилница за корисниците од Дневен центар на лица со интелектуална попреченост „Порака“ – Штип

Во насока на поддршка, социјализација и дружење Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип денес организираше обука по прва помош за корисниците од Дневен центар на лица со интелектуална попреченост „Порака“ – Штип. Корисниците имаа можност да се запознаат со активностите на Црвен крст и имаа адаптирана презентација за основите на првата помош од страна на обучени волонтери по прва помош на Црвен крст Штип.

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип и понатаму ќе дава поддршка на овие корисници најмногу во делот на нивна социјализација и дружење.

Tags: ,
< врати се назад