декември 23, 2024
Новогодишна работилница со корисниците на ЦПЛИП „Порака“ Штип
Во насока на поддршка на корисниците од Дневен центар на лица со интелектуална попреченост „Порака“ – Штип (CPLIP Poraka Stip), континуирано спроведуваме активности за нивна социјализација и дружење. Волонтерите при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип реализираа креативна работилница за изработка на новогодишни честитки со корисниците од Дневен центар на лица со интелектуална попреченост „Порака“ – Штип.
Преку креативна ангажираност, со меѓусебна дружба и време исполнето со многу забава, сите заеднички изработуваа новогодишни честитки.
< врати се назад