
НЕДЕЛА НА МЛАДИ
Отворен ден на Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип ![]()
Во рамки на одбележувањето на Неделата на млади (1–7 октомври 2025 година) под мотото
„Биди промената што сакаш да ја видиш “,
Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип организираше Отворен ден посветен на младинскиот дух, хуманоста и волонтерството. ![]()
Настанот опфати три катчиња:
Забавно катче – каде учесниците играа едукативна игра „Меморија“ инспирирана од активностите на Црвениот крст.
Дисеминациска сесија – каде посетителите се запознаа со мисијата, принципите и вредностите на нашата организација.
Катче за прва помош – на кое минувачите имаа можност да ги научат основите на срцево-белодробното оживување и практично да ги применат.
Преку овие активности, младите волонтери го промовираа значењето на волонтерството, тимската работа и хуманоста – вредности кои го обединуваат Црвениот крст и младите во нашата заедница. ![]()
Ден исполнет со насмевки, нови знаења и хуманост – затоа што младите се движечката сила на промената!















































