
Недела на борба против рак: „Подигни свест, победи рак“
Под мотото „Подигни свест, победи рак“ Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип ја одбележа Неделата на борба против ракот.
За клучното значење на превенцијата и на здравствените услуги кои се во насока на рано откривање на ова заболување, денес можност за едукација имаше дел од средношколската популација.
Под менторство на Прим. д-р Мери Шорова, реализиравме едукативна сесија за клучното значење на превенцијата и на здравствените услуги кои се во насока на рано откривање на ова заболување. Дел од учениците во СОУ Гимназија ,,Славчо Стојменски” имаа можност да се запознаат со секојдневните рутини кои можат да бидат дел од превенцијата на малигните заболувања.
Ракот е епидемија на нашето време или како што многу го нарекуваат – болест на цивилизацијата. Во нашата држава, секоја година се откриваат околу 6.000 нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се навистина застрашувачки и алармантни.
Улогата на Црвен крст во современото општество и делување, меѓудругото, е и здравствено-превентивна едукација и кревање на свеста околу прашања кои понекогаш се и од животно значење.

< врати се назад