
МЛАДИНСКА ПРОГРАМА ЗЕЛЕН ВОЛОНТЕРИЗАМ
Црвениот крст на Република Северна Македонија продолжува со реализација на младинската програма „Зелен волонтеризам“, која поттикнува одговорен пристап и активно учество на младите во заштита и превенција на загадување на животната средина. ![]()
Младите волонтери на Црвениот крст имаат клучна улога во градењето на одржливи заедници преку врсничка едукација, личен пример и ангажман на локално ниво.
Волонтерите од Клуб на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип, на 24 октомври, ја реализираа својата прва врсничка едукација во ООУ „Славејко Арсов“ со 37 ученици од петто одделение.
Преку интерактивни активности како енергетска игра, дискусија и практична вежба „Ајде да селектираме“, учениците учествуваа во препознавање на различни видови отпад (хартија, стакло, пластика) и нивно соодветно фрлање во означени корпи.
На крајот од едукацијата, учениците дадоа свои еко-ветувања со кои ќе придонесуваат кон почиста и поздрава животна средина.
Продолжуваме со нови активности и еко-предизвици!














































