
јуни 25, 2025
Крводарителска акција „ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ ПОВИКУВААТ, СПОРТИСТИТЕ ДАРУВААТ“
На 19.06.2025 година се одржа крводарителска акција „ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ ПОВИКУВААТ, СПОРТИСТИТЕ ДАРУВААТ“ организирана од страна на Здружение на велосипедисти МТБ ШТИП, а реализирана во соработка со Регионален Центар За Трансфузиона Медицина – Штип.
Им благодариме на сите спортисти, рекреативци, љубители на спортот и спортски работници, кои даруваа крв, во чест на највисоките спортски и хумани вредности. Тие го подарија бесценетиот подарок кој има моќ да спаси животи. Крводарителската акција резултираше со собрани 36 крвни единици.

