март 18, 2026
ГРАЃАНСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ПО ПОВОД 17 МАРТ – ДЕНОТ НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО
По повод 17 Март – Денот на крводарителството на 17.03.2026 година се реализираше граѓанска крводарителска акција во Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Штип, во соработка со Регионалниот центар за трансфузиона медицина – Штип.
Им благодариме на сите хумани граѓани кои дадоа свој личен придонес во мисијата за спасување живот. Крводарителската акција резултираше со 51 крводарување.













































