
ноември 14, 2025
ЕКО ЕДУКАЦИЈА
На 14.11.2025 година волонтерите од Клуб на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип, реализираа врсничка едукација во подрачното училиште „Тошо Арсов“ со вкупно 28 ученици од 1 до 5 одделение.
Преку интерактивни активности како енергетска игра, кратка дискусија и практична вежба „Ајде да селектираме“, учениците учеа да ги распознаваат различните видови отпад (хартија, стакло, пластика) и да ги селектираат во соодветни обележани корпи. ![]()
На крајот од едукацијата, најмалите дадоа свои еко-ветувања со кои ќе придонесуваат кон почиста и поздрава животна средина.
Продолжуваме со нови еко-активности и предизвици!














































