
ноември 3, 2025
ЕКО – АКЦИЈА
Еко-акција на тврдината Исар!
Во рамки на младинската програма „Зелен волонтеризам“,Волонтерите од Клуб на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип ја реализираa првата еко-акција за чистење на тврдината Исар.
Оваа еко-акција има за цел да ја подигне свеста за заштита на животната средина и заедно да придонесеме кон почиста и поубава заедница. ![]()
Со голем ентузијазам и тимска работа беа собрани околу 10 вреќи отпад, а пластичните шишиња и лименки ги рециклираа во повратните Пакомак вендинг машини. ![]()
Преку оваа активност уште еднаш докажавме дека и малите чекори можат да направат голема промена – кога делуваме заедно! ![]()
![]()













































