
јануари 23, 2026
Донација од хуман сограѓанин Александар Трајковски
Традиционално, осумнаесетта година по ред, штипјанецот Александар Трајковски подготвува прехранбени пакети за штипски семејства кои живеат во социјален ризик.
Селекцијата секоја година опфаќа различни семејства, од кои половината се од христијанска, а половината припадници на исламската вероисповед. Индивидуалното општествено-одговорно поведение води кон напредок во заедницата.
Да си тргнеме од себе ❤














































