
јуни 25, 2025
ДЕТСКА ПЛАНИНСКА ТРКА “ADVENTURE KIDS”
Волонтерски тим на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Штип беше дел од четвртото издание на детската планинска трка “ADVENTURE KIDS” која се одржа на 15.06.2025 година на падините на планината Плачковица. Волонтерскиот тим на Црвен крст беше задолжен за превенција и дејствување во рамки на дејноста Прва помош за време на детската планинска трка.
Нашите волонтери беа на висина на задачата, истакнувајќи го својот тимски дух и перманентните заложби за поддршка на заедницата.
Честитки до ентузијастичкото друштво “Adventure kids” кое е под Федерацијата за планинарски спортови за успешно организираната детска планинска трка.
