
јуни 25, 2025
АКТИВНОСТИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ ПРИ ТОПЛОТЕН БРАН
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип, со низа активности, се вклучува во намалување на последиците од топлотните бранови со цел намалување на ранливоста на населението и подигање на свеста за навремено превенирање на последиците од високите температури.
Мобилните екипи на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип, согласно акциониот план и препораките на надлежните институции за справување со топлотни бранови, денес во централното градско подрачје дистрибуираа флаширана вода и флаери за заштита од топлотниот бран на сограѓаните.



