
февруари 16, 2026
Активност на Клуб на млади по повод Денот на љубовта
На 14.02.2026 година по повод Денот на љубовта, волонтерите на Црвен крст Штип ја реализираа акцијата „Срце за секого“, ширејќи пораки на љубов и хуманост во централното градско подрачје.
Секоја порака беше мал гест, но со голема симболика – потсетник дека љубовта се покажува преку добрина, солидарност, грижа за другите. Секој од нас може да биде нечие срце денес.
Благодарност до сите волонтери кои вложија време и срце во оваа активност.














































