
март 11, 2025
80 години Црвен крст: Врачени јубилејни плакети на градоначалниците на Штип и Карбинци
По повод 80 години постоење на Црвен крст на РСМ, на 10.03.2025 во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ – Штип, на градоначалникот на Општина Штип г. Иван Јорданов и градоначалникот на Општина Карбинци г. Виктор Паунов им беа врачени јубилејни плакети.
Поддршката на локалните самоуправи игра клучна улога во спроведувањето на активностите на Црвениот крст. Благодарение на соработката ги приближуваме нашите програми и услуги до оние кои имаат најмногу потреба од помош, во рамки на нашата локална заедница.
Подготвени сме да продолжиме со градењето партнерства и заеднички проекти.

< врати се назад