март 11, 2025

80 години Црвен крст: Промоција на новата платформа за соработка со универзитетите

Во рамки на одбележување на 80-годишнината од основањето на Црвен крст на РСМ, на ден 10.03.2025 година во Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип се организираше настан за промоција на платформата за соработка на Црвен крст со универзитетската заедница.

На настанот, Генералниот секретар на ЦКРСМ д-р Саит Саити додели јубилејна плакета на Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип на проф. д-р Дејан Мираковски во знак на благодарност за севкупниот придонес за развојот и поддршката за работата на нашето национално друштво.

Tags:
< врати се назад